Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска, носителка на листата во ИЕ 3
Почитувани,
Трите години зад нас, се години кои покажавме што значи да се работи чесно, посветено и исклучиво во интерес на граѓаните.
Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме пред нашите граѓани, да продолжиме по патот на успешните политики кои ни донесоа силна и стабилна економија, нови работни места, повисоки плати, пензии, социјална помош.
Но овојпат уште подобро и уште повеќе!
Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места.
Тоа е модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните генерации.
Нашата понуда е 20.000 денари минимална и 34.000 денари просечна плата до крајот на мандатот.
Како растат платите ,така ќе растат и пензиите ,нашата цел е најниската пензија да биде повисока за најмалку 21%
Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца.
За семејствата кои немаат свој дом и немале можности за купување, градиме 777 социјални станови низ целата држава.
Го охрабруваме самовработувањето и основањето на сопствен бизнис кај младите лица и го поддржуваме женското претприемништво со грантови во износ од 15.000 евра.
Невработеноста за три години падна на 16.2% нашата понуда е пад за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот.
Ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови
Тоа е новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело
Почитувани,
Од една страна е СДСМ и коалицијата со понудата за нова развојна економија, а од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои не знаат економија, знаат само да ги крадат парите на граѓаните
Додека СДСМ носи брзи, ефикасни антикризни мерки, ВМРО-ДПМНЕ кочеше 90 милиони евра, пари од Светска Банка наменети за медицинска опрема.
Затоа на 15 јули изборот е едноставен:
Изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски.
Изборот е меѓу 777 нови социјални станови или скапи кредити за камен, бронза и стиропор.
На 15 јули граѓаните ќе одберат нова развојна економија и парите уште повеќе да завршуваат во нивните семејни буџети, за да биде уште подобро за сите.
МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!