fbpx

Царовска: Со Турската демократска партија на 15 јули заедно победуваме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Носителката на листа на пратеници од ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на средба со претставници од Турската демократска партија на платото кај Стоковна куќа Мост уште еднаш си ја потврдија меѓусебната поддршка на претстојните избори.

„Изминатите две и пол години покажавме дека заедно можеме да направиме многу. Со ТДП ја продолжуваме соработката уште посилно во идниот мандат за којшто сум убедена дека ќе го добиеме на 15 јули”, рече Царовска.

Царовска потсети на сработеното досега и за грижата за секој поединец.

„Воспоставивме модел што со кој ги штитиме работниците и генерираме повисоки плати и подобри работни места. Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите”, рече Царовска.

Царовска рече дека СДСМ се грижи и за повозрасните.

“Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Минималната плата ја зголемуваме до 40%, а просечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите” рече Царовска.

Последни вести