fbpx

Подобри работни услови за пиротехничарите, имаат повисоки плати за 35 проценти

Facebook
Twitter
LinkedIn

На пиротехничарите вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, поради видот, природата и сложеноста на работите и задачите и поради изложеност на висок ризик по животот и здравјето, им се утврдува додаток на плата во висина од 35%. Ова зголемување е усвоено по второто читање на дополнетиот предлог за измени во Законот за заштита и спасување во Собранието.

Пиротехничарите ќе имаат подобри услови за работа почнувајќи со зголемување на платата за 35 проценти.

„Вработените службени лица од областа на безбедноста, распоредени на работи и задачите Генерален инспектор, Помошник на Генерален инспектор и Инспектор, покрај додатокот на плата од ставот 17 на овој член, имаат и право на инспекциски додаток на плата во износ од 30% од основната плата согласно Законот за инспекциски надзор“.

Последни вести