fbpx

За два дена ставаме крај на режимот, ќе има ЖИВОТ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на
Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 6
Тетово, Митинг, 09.12.2016

Добровечер силно, снажно, одлучно, победничко Тетово! Добровечер непокорени, достојни граѓани, добровечер Македонијо!

Дојдовме овде, го донесовме животот, го вративме животот, животот во Македонија. Животот во победничко Тетово. Сите знаат готово е! Тендер коалицијата ги живее своите последни два дена. Готов е режимот, режимот е на колена останаа уште само два дена.

Токму заради тоа уште похрабро, уште подостојно, уште поодлучно овие два дена ставаме крај на децениското владеење на Никола Груевски и криминалната банда. Ставаме крај на кражбите и пустошењето, уништувањето на достоинството на сите професии. Ставаме крај на отселувањето на младите.

Од овде од Тетово порачуваме, се е веќе јасно, во Македонија се знае од една страна се мафијашите и криминалците од друга страна се слободните граѓани. Граѓани желни за живот во својата Македонија.

Почитувани имаме План за нашите животи. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има изготви План за живот. И тој План го изготвивме заедно со вас граѓаните, со секој од вас поединечно. Внимателно ве слушавме, внимателно ги бележевме вашите потреби. И верувајте каде и да шетате во оваа наша држава, маките на луѓето се исти. Неволјите на луѓето се исти. Сиромаштијата нема ни народ, ни вера, ни нација нема ни партија. Сите подеднакво не опљачкаа, сите подеднакво не осиромашија. Затоа сме сите заедно овде сплотени да кажеме доста е на делбите во Македонија!

Доста ни е од непрофесионалните институции, доста ни е од партиските поделби. Затоа што сме заедно силни, затоа што сме заедно моќни. И ги слушам овие дваесет дена, го слушам Влатко Ѓорчев низ шестката, го слушам и Никола Груевски низ Македонија. И дозволете да му порачам една порака и од овде од Тетово: Никола ти знаеш, јас знам, ама и цела Македонија знае не те мачи федерализација Никола, затоа што федерализација нема да има бидејќи не може да има. Тебе Никола те мачи конфискација. Е конфискација ќе има, конфискација ќе има! Сите што сторија криминал ќе одговараат пред новите институции во Македонија. Ослободени од политиката, ослободени од партиите. И парите што ги украдовте ќе ги вратите. Ќе ги вратите затоа што тоа се нашите пари. Нашите пари, парите што ги украдовте од нашите деца.

Почитувани граѓани го вративме достоинството, го вративме, го гледам тоа секој миг, секој ден на улиците, по плоштадите, по пазарите, по дуќаните, по домовите низ шестка. И така е во цела Македонија верувајте.

Сега си ја враќаме државата во недела. Си ја враќаме државата бидејќи е наша, на секој. Оваа Македонија е на сите нас, на сите наши граѓани. Токму заради тоа ја земаме во недела назад за од понеделник да почнеме да го градиме животот во Македонија.

Ве повикувам сите сложно, заедно, храбро, достоинствено онака како што доликува домаќини луѓе какви што сме. Масовно да излеземе на избирачките места на 11-ти декември и да заокружиме 4 за да настапат вистинските промени, промени што го враќаат животот во Македонија.

Да живее победничко Тетово, да живее победничка Македонија!

 

 

Последни вести