fbpx

Отворен повик за самокандидирање на претседатели на Општински организации на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Врз основа на член 68 и член 68s од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на органите и носителите на функциии во општинските организации Социјалдемократскиот сојуз на Македонија донесен на осмата седница на Централниот одбор на СДСМ се објавува:

О Т В О Р Е Н   П О В И К

за самокандидирање на Претседатели на Општинските организации на Социјалдемократскиотсојуз на Македонија во: Демир Хисар, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Јегуновце, Росоман, Новаци, Сопиште, Студеничани, Гостивар, Липково, Желино и Боговиње

Социјалдемокатскиот сојуз на Македонијаработи за исполнување на програмите и ветеното пред граѓаните. За доследно почитување и вреднување на сработеното партијата воведе и соодветен мерит систем. За зголемена ефикасност и мобилност СДСМ започнува со постапка за избор на претседатели  во општинските организации во:Демир Хисар, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Јегуновце, Росоман, Новаци, Сопиште, Студеничани, Гостивар, Липково, Желино и Боговиње.

За таа цел ги повикуваме сите заинтересираничесни и угледни индивидуи членови наСоцијалдемокатскиот сојуз на Македонија кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат како кандидати за претседател на општинска организација на Социјалдемокатскиотсојуз на Македонија во наведените општини.​​​

         Со доставената кандидатура за претседател на општинска организација на СДСМ, кандидатот/кандидатите во хартиена форма задолжително доставуваат:

– Биографија/CV;

– Мотивационо писмо/писмо за намера;

Детална програма за работа со предлог идеи и проекти за општинската организација;

– Потпишана Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ;

Заинтересираните кандидати своитекандидатури (со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака кандидатура за претседател на општинската организација __________ (назив на ОО) е потребно е да гидостават најдоцна до 30.11.2020 година, доПретседателот на Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија,  во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќкаброј 8 Скопје.

Утврдени критериуми од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за поднесување на кандидатури за претседател на општинската организација лицата потребно е да ги исполнуваат следните услови:

Да бидат полнолетни, односно да имаат наполнети 18 години старост;
Да имаат деловна способност;
Да бидат членови на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во моментот на поднесување на кандидатурата;
Во целост да ги почитуваат позитивните законски прописи на РСМ и да не се води судска постапка за било какви дејствија спротивни на закон;
Да уживаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење;
Да ја има подршката од сите етнички заедници, во својата локална средина, од граѓаните и населението да бидат прифатени како совесни и исполнителни  личности кои се вбројуваат помеѓу оние со највисок јавен и професионален углед;
Почитување, вреднување на принципите и вредностите едно општество за сите граѓани;
Да поседува дополнителни вредности и капацитет за мобилизирање на граѓани;
Во целост да ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија;
Целосно да го почитуваат Статутот на СДСМ;
Да потпишат изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат;
Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво да поседуваат силни политички и организациски способности да бидат подготвени за воведување на современи методи и технологии за работа да поседуваат вештини за јавен настап.

Последни вести