fbpx

Инвестициите во инфраструктурата во Штип продолжуваат, градиме пешачки зони на река Отиња

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип

 

 

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани,

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Штип мора да продолжи да се развива како модерна, отворена, европска општина. Затоа е важно Штип да добие градоначалник со полн легитимитет и мандат од граѓаните, кој ќе ги реализира проектите кои се во интерес на граѓаните.

Мојата заложба како иден градоначалник на општина Штип ќе биде трајно решавање на проблемите со сообраќајниот хаос во градот.

Во таа насока предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

Вредноста на овој проект е 20.000.000 денари, од кои 9 милиони денари се обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија. За изградба на конзоли за пешаци на река Отиња, средства ќе бидат обезбедени и од буџетот на Општина Штип.

Проектот е влезен во планот на програми за развој со тригодишна динамика на реализација, фазно, дел по дел.

Со изградбата на конзоли за пешаци, ќе се ослободи сегашниот тротоар на потегот од мостот на црква Св.Никола се до мостот кај судот со што ќе се добие уште една коловозна лента и проток на сообраќај која ќе го намали сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и пристапот кон Клиничката болница.

Со овој проект и со двете платформи за паркирање го намалуваме сообраќајниот метеж во градот , ослободуваме втора лента која сега се користи за паркирање. Добиваме поголем број на паркинг места и најважно од се поголема сигурност за пешаците.

Го подобруваме квалитетот на живеење!

Покажавме дека имаме слух за граѓаните и заедно со нив како партнер со редовна комуникација продолжуваме со решавање на вистинските проблеми.

Остануваме отворени за секоја идеја , визија и потреба.

Градиме од и за нашите сограѓани.

Штип заслужува да е во сигурни раце!

Последни вести