fbpx

Тимот на Цветан Трипуновски е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во режимската матрица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Гоце Георгиевски, член на Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари, 

Тимот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица. 

И самиот Трипуновски, впрочем е дел од таа матрица, како кадар на Никола Груевски.

Советникот на Трипуновски, Златко Стојчев  го слушавме во снимените разговори како со Трипуновски и Мицкоски, ги организираат партиските таканаречени “земјоделски” протести кај Росоман, каде имаше партиска администрација која глумеше земјоделци.

Истиот Стојчев има две казни од Државен инспекторат за земјоделство за узурпација на земјоделско земјиште.

Советникот Митко Јанков е познат како организатор на неуспешниот протест на сточарите во Велес, каде не се појави ниеден сточар освен неколку партиски активисти.

Драгољуб Гаврилов од Кочани пак, имаше неуспешен обид да организира протест на оризарите во Кочани, каде се појавија само партиски активисти. Истиот има земено трактор преку ИПАРД во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Николче Илиевски е истакнат член и активист на ВМРО-ДПМНЕ во Могила.

Зоран Илиевски од Ресен е поранешен советник во советот на Ресен, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и истакнат член и активист на оваа партија Познат по тоа што на многу трибини на СДСМ, се појавуваше како провокатор, сакајќи да исценира инциденти.

Ова се кадрите со кои ВМРО-ДПМНЕ наводно ќе го обновува земјоделството, ова се кадрите кои освен личен профит ништо друго немаат во план.

Заедничко за сите овие “советници”  е тоа што на покана на МЗШВ, учествуваа во работни групи, за креирање на дополнителна мерка за субвенционирање, ги имаат добиено сите субвенции, и беа организатори на партискиот протест пред Владата, кога партиската администрација, бившите директори, членовите на општинските совети од цела држава, претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и истакнати партиски членови, глумеа земјоделци.

Во наредните денови, ќе ја запознаеме јавноста колку овие советници добиле во 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, колку добиле за субвенции, колку и што добиле преку ИПАРД програмата и колку земјиште приграбиле.

Ќе дознае јавноста колку навистина чинат овие таканаречени про-боно советници.

ВМРО-ДПМНЕ со овие кадри не може да обнови ништо, освен криминалот режим кој со години ги малтретираше и манипулираше земјоделците. 

Земјоделците, сточарите, овоштарите, сите граѓани тоа нема да го дозволат. На 12 април повторно ќе ја порази режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Последни вести