fbpx

100 дена градоначалнички мандат на Иван Јорданов , исполнети со неработење, нереализирани проекти и партиски реваншизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Никола Рилак, член на ИО на СДСМ

100 дена градоначалнички мандат на Иван Јорданов , исполнети со неработење, нереализирани проекти и партиски реваншизам.

Да потсетиме, Јорданов вети дека ќе реконструкцира улици, ќе гради градинки во нас. Пребег Железничка и Три Чешми, нови паркови површини, велосипедски патеки, капитални проекти, ветуваше некаква нова иднина за Штип.
Па затоа прашуваме, градоначалниче Јорданов, каде се кино проекциите во Мултимедијалниот центар?

До каде е градскиот парк кај Мирјанината црква? До каде е домот за стари лица? До каде се фонтаните во паркот во нас. Баби? До Каде е детскиот центар со спортски игралишта?

До Каде е обиколницата од бул. Гоце Делчев до Ново Село? Каде е продолжувањето на бул. Партизанска?

За жал, Јорданов од ова не исполни ништо и не работи ништо,со што предизвика револт и разочарување кај пошироката штипска јавност.

Иако градоначалникот ќе се повика на неколкуте распишани тендери на улички, го потсетуваме дека за тоа е избран од граѓаните и што побрзо да се фати за работа.

Она по што штипјани ќе ги паметат првите 100 дена од владеењето на градоначалниот Јорданов се непотизмот, лажните ветувања и целосното нефункционирање на локалната самоуправа.

Јорданов уште не удобно седнат во својата фотелја, прв проект му беше партискиот реваншизам, смена и притисок врз директорите на основните и средни училишта, јавни претпријатија, како и лица ангажирани под договор кои сега останаа без егзистенција.

Првиот човек на Општината, освен што размислува како да се одмазди на неистомислениците, првите 100 дена од својот мандат ги искористи да се слика на проекти наследени и започнати од времето кога СДСМ беше на власт.

Иронијата да е уште поголема, Јорданов држи прес конференции и фото сесии на проекти кои пред да стане градоначалник, истите ги критикуваше.

Единствено што Јорданов работи е барање помош од централната власт, како да заборави дека пред да стане градоначалник, беше пратеник во Собранието и ги кочеше мерките и проектите во корист на сите граѓани.

Почитувани,

Нема дилема дека Иван Јорданов ќе биде најлошиот градоначалник во историјата на Општина Штип, мандатот го започна со низа фотосесии што само покажува за што само е способен.

 

Последни вести