fbpx

Уште едно нереализирано ветување на Арсовска, нема 250 нови автобуси нема ни бесплатен јавен превоз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани,

Очигледно е дека нема да видиме нови 250 автобуси на скопските улици, како што слушнавме ветувања во предизборната кампања на градоначалничката од редовите на ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Скопјани очекуваат и бараат ефикасен јавен превоз, очекуваат брзи и сигурни решенија, за модерно Скопје. Во буџетот за 2022 година не се предвидени пари за набавка на 250 нови еколошки автобуси, напротив ЈСП пушта во употреба стари и дотраени автобуси, кои претходно беа повлечени од употреба, без соодветно греење и основни хигиенски услови

Постапката за набавка на нови автобуси трае најмалку година и половина, со оглед на тоа дека прво се распишува тендер за избор на најповолен понудувач која трае неколку месеци, а потоа до една година е рокот за испорака на возилата, со што станува очигледно дека граѓаните на градот Скопје нема да се возат во нови 250 еколошки автобуси и во наредната 2023 година.

Да се потсетиме, Арсовска во кампањата покрај новите 250 еколошки автобуси вети и бесплатен превоз за сите граѓани, но за жал и за оваа мерка не се предвидени пари во Буџетот за 2022 година, ниту пак ќе бидат предвидени во Буџетот за 2023-та година.

Како советничка група во Градот Скопје, уште еднаш апелираме да се продолжи тендерската постапка за избор на изведувач што ќе го реализира проектот Баз Рапид Транзит, проект во соработка со партнерите од Европската банка за обнова и развој, на кој се работеше скоро 2 години, што резултираше со потпишување на договор со Европската банка за обнова и развој за наменско кредитирање во износ од 70 милиони евра. Овие средства не можат да се пренаменат за набавка на нови 250 еколошки автобуси како што планираше градоначалничката Арсовска.

Се надеваме дека градоначалничката Арсовска, ќе ја препознае развојната компонента на овој проект, но и на сите проекти кои беа стопирани, а бенефитите ќе ги користат сите Скопјани, бидејќи на Градот Скопје му треба континуиран и планиран развој, и му треба долгорочна стратегија која нема да биде предмет на партиско политички интереси.

Ви благодарам

Последни вести