Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски
Од начинот на однесување јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски воопшто немаат намера да дадат реална поддршка туку да го саботираат целиот процес на преговорите.
Не е јасно што точно нуди опозицијата во моментов.
Затоа немаме верба во декларативните повици за единство од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и ги сметаме за неискрени.
СДСМ вистински гради соработка со сите партии, тоа го покажавме и преку прифаќањето на Резолуцијата за црвените линии во Собранието која е темел на разговорите со Република Бугарија.
Доколку сметаат дека со бесмислени декларации и слични политички трикови ќе се претставуваат конструктивни, тогаш е јасно дека тоа е само уште една манипулација на која СДСМ нема да наседне.
Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат вистинска конструктивност, нека престанат да опструираат и да креираат хистерија околу разговорите, туку со ладна глава да се обидеме сите да ги надминеме пречките.
Се друго е само дневно политички театар на Мицкоски, очаен обид да го покрие срамот од признанијата на неговите сопартијци во случајот „Титаник“