Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ го партизира и политизира штрајкот на СОНК, со тоа им нанесува штета на учениците и наставниците.
Тоа е истата партија која го урниса образованието, во чие време наставниците беа понижени, уценувани и под постојан притисок.
Само во образованието во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.
Низ диајлог платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите.
Но наставата мора да продолжи а СОНК да ги напушти уцените и да каже не на политичката агенда на ВМРО ДПМНЕ.