Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје
Почитувани граѓани,
Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје е најнеспособната досега.
Наместо развој и модернизација како што Христијан Мицкоски ветуваше пред граѓаните кога ја бараше поддршката, на главниот град постојано му се случува нов хаос, одново и одново.
Овој пат ДПМНЕ создаде хаос со сметот, Скопје се гуши во ѓубре.
ДПМНЕ треба итно да преземе нешто, да се надмине проблемот и да се обезбеди функционалност на ЈП Комунална хигиена.
Скопјани ваков однос не заслужуваат. Скопје ова не го заслужува.
Во меѓувреме, градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје да земат нешто да работат и да помогнат во чистењето на ѓубрето.
Благодарам.