Соопштение за јавност
Северна Македонија може да напредува и да стане членка на ЕУ, единствено со СДСМ и Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, беше заклучокот на престедателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски и европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер, на денешната заедничка прес-конференција
Ковачевски посочи дека низ годините, секој напредок на дравата се случувал кога владите биле предводени од СДСМ, додавајќи дека и сега со новата победа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски, ќе се исполни и втората стратешка цел-членството во ЕУ
„Секој пат кога имало некое придвижување напред во годините од независност на државата до сега, тоа било благодарение на владите на СДСМ. Сетете се само на влегувањето во ОН, на добивањето на кандидатскиот статус за ЕУ, на влегувањето во НАТО, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Се се тоа се процеси кои се предводени од претседатели или премиери од СДСМ. Така било и ќе биде и понатаму. Европскиот пат и крајно членството во ЕУ е единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество.Имаме јасна визија, имаме силна волја, знаење, храброст и конкретен план, како да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани“ , порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Европратеникот Шидер порача дека Северна Македонија треба да биде членка на ЕУ, но дека во државата не постојат многу проевропски политички партии кои работат на остварување на европскиот сон, дека тоа се само СДСМ и Стево Пендаровски.
„Мојата работа во Еевропскиот парламент во изминатите 5 години беше длабоко посветена на Северна Македонија. Ние сите сметаме дека Северна Македонија и потребна во ЕУ. Луѓето имаат поминато многу тежок период,после ковид кризата имаше економска криза, но тоа што исто така видов е дека една Влада предводена од Димитар, ги решаваше проблемите, иако некогаш решенијата и одлуките не се лесни, некогаш е тешко да се најде мнозинството особено доколку опозицијата не е многу сериозна во справувањето со проблемите во земјата. Но секогаш најважната работа е дека треба да има една Влада која што го воочува проблемот и која што е подготвена да се бори и да го реши проблемот, со цел да се подобрат условите за граѓаните. Гледајќи ги дискусиите кои што се водат тука во земјата, мислам дека нема многу проевропски избори, нема многу проевропски опции. Јас очекував дека сите политички партии ќе работат во насока на овој европски сон, но јас забележав дека само СДСМ е таа партија која што работи за европскиот сон и Стево Пендаровски како претседател. Значи пораката е јасна, ние имаме заедничка европска иднина само доколку вие СДСМ бидете избрани и доколку Стево Пендаровски стане претседател на државата“, рече Шидер.
Ковачевски посочи дека СДСМ и Коалцијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план, како за обезбедување европска иднина за граѓаните и уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди.
„Заедно со мојот тим, јас ветувам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија,не се откажавме досега,нема да се откажеме ниту отсега понатаму,ние не се откажуваме од иднината“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски