Поддршка за Стево Пендаровски, СДСМ и Коалицијата за европска иднина од европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.
Освен јавно искажаната поддршка до претседателот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција денеска заедно со кандидатите на коалицијата од ИЕ 1 ги посетија промотивните штандови во Градскиот парк во Скопје.
Во релаксирана атмосфера поразговараа со граѓаните за тоа какви се нивните очекувања, каков претседател сакаат, како и каде ја гледаат својата држава. Граѓаните сакаат да ја видат својата татковина во ЕУ. Со глас за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, со глас за Стево Пендаровски граѓаните имаат сигурна европска иднина и живот по европски стандарди.