fbpx

Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот – СДСМ предлага 2 мерки како решенија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Трајан Димковски, СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Власта ги остави на цедило оризопроизводителите. Неспособноста на Цветан Трипуновски создаде криза со откупот на оризот и оризовата арпа.

Од 28.000 тони откупени се околу 6.000 тони или едвај околу 20% од вкупното производство.

Наместо да ги засука ракавите и да сработи, за што е платен од граѓаните, Трипуновски се обиде да ги лаже оризопроизводителите и со неговите постапки наместо да им помогне им одмогна.

Кај Трипуновски и Мицкоски е вината за она што се случува.

Нема откуп затоа што Трипуновски наместо го реши проблемот со откупот го блокираше.

Заканите кон откупувачите и напушалните цени по своја волја не врдија плод, па Трипуновски им одзеде лиценци на три фирми откупувачи, со што директно го блокираше целиот процес.

Затоа над 80% од реколтата за оваа година стои во амбарите.

Дополнително, власта не го исполни ветувањето кон оризопроизводителите за субвенција кон откупувачите. Мерката ниту е спроведена ниту е дел од владината програма.

Земјоделците, оставени на цедило, секојдневно реагираат револтирано и најавуваат протести. Трипуновски се крие и избегнува одговорност.

Лагите на валста продолжуваат и со најавата дека откупот за стоковите резерви ќе го решел проблемот со откупот на оризовата арпа. Ова е уште една илузија на владата која нема реално решение за кризата што самата ја предизвика.

Традиционалните пазари како Србија, Косово, Босна се снабдија веќе со ориз од Грција и затоа во моментот не се врши никаков откуп ниту на оризова арпа.

СДСМ има решение за проблемот и инсистира власта да реализира овие итни мерки кои ќе обезбедат поддршка за земјоделците:

1. Издвојување на 700.000 евра од Интервентната програма за давање на 7 денари по килограм оризова арпа за периодот од почетокот на жетвата до 31 декември 2024 година.

2. Планирање на два милиони евра од Интервентната програма за давање на 10 денари по килограм оризова арпа од 1 јануари 2025 година.

Со овие мерки ќе се овозможи финансиска стабилност за земјоделците и ќе се спречи понатамошната деградација на секторот. Владата на
ДПМНЕ мора веднаш да реагира и да ги спроведе овие предлози. Секој ден одложување е нов удар врз земјоделците и нивните семејства.

СДСМ останува на страната на оризопроизводителите и ќе продолжи да се бори за земјоделците.

Последни вести