Соопштение за јавност
Филипче му ја честита победата на Милановиќ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита убедливата победа на Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.
„Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуваат социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока, обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.
Му посакувам успешен мандат и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и на зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји,“ истакна Филипче.
СДСМ верува дека оваа победа е значаен чекор напред за социјалдемократските вредности во регионот и Европа.
https://www.facebook.com/share/15W5H7ahgv/