Соопштение за јавност
Зошто министерот за правда Валдет Џафери втор ден молчи дали Министерството за правда издало правно мислење за правната важност на еврообврзницата од 450 милиони евра?
На конференциската врска одржана во понеделникот со кредиторите присуствувала заменик министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Бришковска.
Дали Бришковска имала овластување од нејзиниот претпоставен, министерот за правда Џафери, да присуствува на состанокот како претставничка на Министерството за правда Џафери или таа на состанокот неовластено и лажно се претставила.
Согласно Законот за јавен долг министерот за правда е должен да издаде правно мислење.
Министерот за финансии тврди дека такво мислење е издадено, но министерот за правда молчи.
Тоа значи најмалку две работи. Или дека Џафери потпишал и ја крие заменичката Бришковска, со што и ДУИ е соучесник во финансиското злосторство. Или на министерот за правда му е наложено да го крие неовластеното присуство на заменичката од ВМРО-ДПМНЕ. Од кого и за каква против услуга е друго прашање.
Одбројани се деновите на криминално – корупциската власт на Никола Груевски, којашто ќе биде казнета од граѓаните на следните регуларни избори.
Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат.
Скопје, 21.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА