fbpx

Велковски: По промените, нови работни места за младите со просечна плата над 29 илјади денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски, придружуван од координаторката на клубот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска се сретна со граѓаните на Дебар.

-Забележавме голем број на неправилности во избирачкиот список, посебно овде во Дебар и околните места. Очекуваме решавање на сомнителните прашања за да веруваме во избирачкиот список, рекоа дебарчани.

Апсолутно за нас постои само една опција. Тоа се фер и демократски избори со чист избирачки список и либерализирани медиуми. Ние не работиме со претпоставки туку бараме факти.

-Затоа ќе бидеме истрајни во нашите барања, бидејќи вистината е на наша страна. А на фер и демократски избори ќе победи СДСМ, ќе победи европска Македонија, рече Велковски.

Велковски презентираше дел од мерките во Програмата на СДСМ.

-СДСМ создавајќи ја својата програма заедно со граѓаните е за Македонија како еднакво, солидарно и напредно општество. Првенствено наша цел е да ги задржиме младите со обезбедување на нови работни места и развивање на младинскиот претприемнички дух. СДСМ ќе отвори бизнис инкубатори во сите региони, со обезбедени 10.000 евра неповратни средства, за младите да можат да отворат сопствен бизнис. Целта на СДСМ е отворање на нови места но со достоинствени повисоки плати. Со СДСМ просечната плата ќе изнесува над 29.000 денари, рече Велковски.

Нашата борба има заедничка цел. Промените што ќе следуваат да ги почувствува секој граѓанин. Граѓаните и СДСМ ќе ја вратат нашата заедничка држава на европскиот пат како модерна и демократска Македонија, констатираше Диме Веловски.

 

 

Последни вести