fbpx

Николовски во Радовиш: Промени на фер избори за решавање на проблемите на земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство,Љупчо Николовски, придружуван од Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски, беа помеѓу жителите на Ињево, Подареш, Ораовица и Воиславци, општина Радовиш.

Николовски разговараше со земјоделците и граѓаните за проблемите со коишто секојдневно се соочуваат како резултат на негрижата и погрешните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

По хаосот со избирачкиот список, граѓаните се интересираат како ќе се обезбеди гаранција дека нивниот глас нема повторно да биде злоупотребен.

Николовски рече дека стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список се потврда на изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

-Ништо нема да го спаси Груевски од одговорноста за изборниот криминал и криминалниот начин на владеење. Сега е потребно да се обезбеди навремено и целосно прочистување на избирачкиот список за да може секој граѓанин да одлучува по сопствена волја според основниот демократски принципи, еден човек-еден глас. Тоа е основен услов за фер избори. А на фер и демократски избори победува СДСМ, победуваат граѓаните, доаѓаат промените, рече Николовски.

– Деведесет проценти од нас имаме кредити и едвај врзуваме крај со крај, а власта доделува субвенции и државни земјишта на луѓе кои немаат допирна точка со земјоделието. Некои од нас со години наназад немаме добиено субвенции, иако законски ни следуваат. Овој е тутунарски крај, а државата не покажува никаков интерес да ни помогне. Нема пласман и нема достоинствени цени, се пожалија земјоделците.

Николовски рече дека сите оние кои ги злоупотребиле субвенциите, незаконски присвоиле државни земјишта и ја оштетиле државата мора да одговараат, согласно законите.

-Покажавме и со досегашната наша работа какви злоупотреби се правени на грбот на вистинските земјоделци. Продолжуваме и понатаму да ги браниме интересите на граѓаните и на земјоделците. По демократските промени, следува вистинското решавање на проблемите на земјоделците, рече Николовски.

Во таа насока Николовски зборуваше и за мерките од Програмата на СДСМ во делот на земјоделието и отворањето нови работни места.

Николовски рече дека СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра, коишто ќе бидат навремени, кога им се потребни на земјоделците.

-СДСМ во програмата предвидува зелената нафта за земјоделците, секоја година по 10 милиони евра инвестиции во системите за наводнување и воведување на земјоделска социјална пензија, рече Николовски.

 

 

 

Последни вести