Соопштение за јавност
Партиско-фамилијарните испостави на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во судството се поврзани и со шемата за контрола врз медиумските курири.
Затоа овие медиуми ги бранат срамните, партиски диригирани одлуки на Уставниот суд во обид да се заштити Никола Груевски за изборниот криминал.
Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор.
Медиумските курири и партиските испостави во судството го бранат изборниот криминал на Никола Груевски.
Затоа повеќе од две недели нема одговор на прашањето дали позицијата директорка за регулатива и големопродажба во Телеком во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева.
Главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.
Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Ова е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми.
Скопје, 13.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА