Соопштение за јавност
Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а благодарение на кои Македонија денес е во најмоќниот воен сојуз, што е најсилниот штит за државата.
„Конечно е јасно во ситуација кога има кризи на повеќе места во светот што значеле државничките и визионерски би рекол политики на СДСМ во минатото. Кога сме дале политичка жртва по цена на сопствениот политички рејтинг да се донесат тешки одлуки, но сме станале земја членка на НАТО. Дел сме од најсилниот одбранбен сојуз во светот“, рече Филипче.
Тој додаде дека актуелните глобални безбедносни предизвици уште повеќе ја нагласуваат важноста од членството во НАТО и одговорните политики што ги носеше СДСМ, а кои гарантираат безбедност на државата.
„Еве денеска кога летаат ракети и над Турција и кога Турција со своето одбранбен систем како земја членка на НАТО тие ракети ги приземјува, а ракетите може да се заменети и кон европска земја на пример Кипар, нашите граѓани треба да бидат свесни и да знаат дека СДСМ секогаш во својата историја наназад 3 децении се грижи пред се за иднината, сигурноста на граѓаните и на земјата“, нагласи Филипче.
Во интервјуто, Филипче нагласи граѓаните треба внимателно да ги следат и оценуваат политичките ставови и кредибилитетот на политичарите, потсетувајќи на несполнетите ветувања на премиерот Мицкоски меѓу кои за поништување на Преспанскиот договор, за враќање на името на државата.
„Што значи тоа, прво дека не може да му се верува односно дека и тогаш не ја кажувал вистината, граѓаните мораат знаат што е аргументирано издржано а што не е и затоа сакам да ги потсетам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата со ЗНАМ дојдоа на власт една лажна националистичка кампања и реторика“, рече Филипче.
Линк до видео:
https://www.facebook.com/tv21.mk/videos/25971918819139013

