Филипче: Објавивме коруптивни тендери од 100 милиони евра а досега нема институционална реакција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија 21 во емисијата „Клик плус“ посочи дека државата е соочена со сериозни коруптивни скандали, додека институциите под контрола на власта молчат и не преземаат никакви мерки.

Филипче истакна дека СДСМ во изминатиот период изнесува конкретни информации за корупција поврзана со власта, но дека за тие случаи нема никаква институционална реакција.

„Па тоа се скандали коишто ние секојдневно ги вадиме, коруптивни тендери во веќе износ од близу 100 милиони евра на две-три компании дадени на луѓе блиски до владата“, рече Филипче.

Тој посочи дека ваквите случаи се јасен показател за начинот на функционирање на власта и за коруптивните практики кои стануваат сè поочигледни.

„Како ќе се објасни шверцот на марихуана преку граница кога не може да се пренесе дрога без знаење на државата. Каде биле службите царински, каде е Министерството за внатрешни работи?“, истакна Филипче.

Во интервјуто тој предупреди и на процесот на партизација на правосудниот систем.

„На сила е партизација на правосудниот систем. Свои роднини, пријатели за обвинители, за судии. Па ние за каква земја зборуваме, каква држава сакаме да живееме?“, рече Филипче.

Филипче оцени дека додека се објавуваат вакви сериозни случаи на корупција и злоупотреби, власта наместо одговори пласира лажни кампањи и дефокус во јавноста.

СДСМ ќе продолжи да ги разобличува сите случаи на корупција, криминал и злоупотреби на власта, затоа што граѓаните заслужуваат институции кои работат во нивен интерес, а не во интерес на партиски и бизнис кругови блиски до власта.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/tv21.mk/videos/25971918819139013