Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Христијан Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски стои лично зад враќањето на Артан Груби, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во емисијата „Клик Плус“, на ТВ 21. Филипче истакна дека начинот на кој Груби се појави на граница и третманот што го доби од институциите отвора сериозни прашања за политички договор.

„Како може да се случи да еден бегалец од правда да дојде, да се појави на граница, да го чекаат камери, да има специјална полиција за него. Значи не официјалната полиција која што стои на границите, специјално дојдена полиција. Како може насмеан да му ставаат лисици на рацете, кај сте виделе вие друг човек да му ставаат лисици на раце а тој да се смее“, рече Филипче

Притоа, Филипче посочи дека дополнителен сомнеж за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, отвора и реториката дека Груби ќе открива наводни криминали на СДСМ.

„Реториката е ,сега Артан Груби ќе ги кажува криминалите на СДСМ. Па чекајте од каде знаат они што ќе кажува Груби ако не се нешто договорени. Дали тоа сето не ви укажува дека има еден договор. И кој е тој бегалец кој што после толку време бегство од земјата ќе се става во домашен притвор со образложение, дека тоа како проценка го направиле МВР, излегоа директорот на затворот вика таква проценка нема. Фатени во лага, живи фатени во лага, како и во многу други лаги изминатиот период“, рече Филипче.

Тој додаде никој од СДСМ не стравува од било каков исказ на Груби.

„Јавно го повикувам нека каже вечерва, утре, нека каже сè што има за било кој. Секој кој пркршил закон да одговара, тоа е мојот апел. Ниту стравувам од нешто ниту некој од моите партиски соработници стравува од нешто.“, рече Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/tv21.mk/videos/25971918819139013