Соопштение за јавност
На партизирано судство не може да му се верува, а сега се поставени партиски луѓе, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Клик Плус“, на ТВ 21. Филипче укажа дека довербата во правосудниот систем е сериозно нарушена токму поради партизацијата. Тој посочи дека во услови кога судството е под силно политичко влијание, граѓаните со право се сомневаат во независноста на одлуките што ги носат судиите.
„Зошто бегаат младите од земјата, не сакаат такви работи.Како ќе одлучува и по чија наредба и по чие влијание на пример ново поставениот уставен судија кој што до вчера му беше сојузник на премиерот, ќе го почитува правото или ќе се консултира со премиерот. Тоа е главното прашање. Така што јас не заговарам странци за обвинители, јас да заговарам да има реформа во системот и да има присутни европски институции. Затоа што реформите во правосудството еве конкретно во правосудството, ќе донесат тука да има и да бидат присутни и европските правосудни органи“, рече Филипче.
Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не презема вистински чекори за реформи во правосудството, што дополнително ја намалува довербата кај граѓаните.
„Неколку работи кои што во овој контекст се многу важни за тоа како оваа власта однесува. Прво немањето реформи во правосудството, нешто што луѓето не сакаат да го видат, сакаат да видат вистински чекор напред. Второ каде во контекст на споредбите на сегашната влада со режимите во светот против кои се борат САД.Кај сте виделе вие во која европска развиена земја да се носи резолуција во парлементот со која што на опозицијата и се забранува да збори за некој проблем. Таква резолуција изгласаа ВМРО-ДПМНЕ. Се забранува да зборите за тоа и тоа прашање. Понатаму, влијанието на медиумите, влијанието на медиумите, 40% да се контролирани од луѓе кои што им служат на власта, нарачуваат текстови телефонски ги диктират, кај го има тоа, кој сака тоа да го види“, рече Филипче.

