Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 нагласи дека реалноста со која се соочуваат граѓаните и работниците е многу потешка од она што власта сака да го прикаже.
Филипче посочи дека додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што не нуди вистински решенија за подобрување на животниот стандард, туку и дополнително бара изговори како да не ја покачи минималната плата на 600 евра.
„Јас ги разбирам луѓето, граѓаните не можат да преживеат. А што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор, па тоа ли е одговорна власт, тоа ли е тоа што луѓето сакаат да го видат. Луѓето не можат да преживеат а имаат реални потреби“, рече Филипче.
Тој додаде дека СДСМ и во 2024 година понуди законски решенија се покачување на минималната плата и сега повторно, кои што беа направени врз основа на анализи. Но власта ништо не прифати, затоа што не сака да се откаже од своите луксузи.
„Ние нашите решенија ги предлагаме врз основа на искуствата и политиките што сме ги имплементирале претходно. Ние не кажуваме зголемете само така минимална плата само. Не, ние кажавме скратете од таа и таа ставка во буџетот. Направивме детална анализа со економскиот тим во партијата. Има две ставки во буџетот кои што се луксуз во кои што е ставен и авионот за владата, од кои што гледате премиерот не се откажува. Гледајте каква криза во светот, нема раст на минималната плата, а премиерот ќе купува авион“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче укажа дека платите стагнираат во сите сектори, а единствено што прави владата се нови задолжувања и криминални тендери.
„Нема раст на платите во здравството и образованието, ништо не се случува. Сè стои, сите пари од кредити задолжување, огромната дупка во буџетот, се насочени кон тендерите за блиски фирми на власта. Тоа е се што се случува во државата“, рече Филипче.
Линк до видео:
https://www.facebook.com/tv21.mk/videos/25971918819139013




