fbpx

Хаосот во избирачкиот список е резултат на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е толку уплашена што се надева дека ќе го оправда изборниот криминал и хаосот со избирачкиот список преку штанцање прес конференции.

Граѓаните добро знаат дека зад криминалните избори коишто се спроведуваа во Македонија стои врвот на ВМРО-ДМНЕ и злосторничкото здружување на чело со Никола Груевски.

Откако избирачкиот список стана јавно достапен, излезе на виделина што се правела злосторничката банда и на каков начин спроведувала изборни измами.

Речиси и да нема општина во Македонија во којашто не постојат фантомски гласачи. Само неколку примери покажуваат дека на една адреса во Скопје се запишани 112 лица, на друга 66, а на трета адреса има 33 лица запишани на иста адреса.

Хаосот во избирачкиот список не е случаен туку е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас, на тој начин што сместувала лица кои неколку пати неоправдано и незаконски гласале на изборите.

Незаконието со коишто врвот на ВРМО-ДПМНЕ ги криминализирал изборите и со коишто на македонските граѓани им ја одземал шансата сами да одлучуваат за својата судбина повлекува законска одговорност.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се толку уплашени.

Скопје, 07.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести