Соопштение – реакција на прес конференцијата на ВМРО-ОКГ
СДСМ е спремна за следните и за сите наредни избори да ја врати власта во рацете на граѓаните.
Немаме намера да изгубиме на ниту едни следни избори.
Нема повеќе да се случи лагите да победуваат наспроти вистината.
Граѓаните не се слепи, а ни глуви.
Секој што сака да биде дел од тимот на СДСМ и Новата сила, вратите им се отворени.
Кој не може или не сака, не мора, ние сакаме, можеме.
Што се однесува до наводната грижа на ВМРО-ОКГ дека ќе исчезнеме, во последно време тие како да умреа од грижа за СДСМ.
Не знаевме дека толку се грижат за СДСМ, после толку црна кампања дека се толку грижливи за нас.
До толку ќе сме исчезнеле што во ВМРО изгледа не спијат во последно време. Соопштенија и прес-конференции на половина час.
Паника во редовите дека СДСМ ќе пропадне или дека ќе ја изгубат власта и ќе одговараат за криминал и корупција?
Нешто од тие две е, нема трето!
Граѓаните сами ќе проценат.


