Соопштение за јавност
Граѓаните на секојдневно се соочуваат со екстремно загаден воздух. Цела Македонија дише отров наместо чист воздух.
Мерните станици континуирано, со денови покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува 8, односно 11 пати над дозволеното.
Во Кичево и Битола канцерогените ПМ10 честички се 6 пати над дозволената концетрација, додека во Тетово речиси 15 пати над границата.
Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни. Граѓаните се загрижени за своето здравје и со право реагираат.
Граѓаните болни, амбулантите полни.
Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.
Според истражувањето на Numbeo, најголемата светска датабаза на податоци за градовите и земјите ширум светот, Македонија е втора според моменталната состојба на загаден воздух во Европа.
Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици, 1 милион евра за ЛЕД телевизори, додека граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух.
На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 09.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА