fbpx

Шекеринска од Битола: Владата стои на располагање за Битола, 05.07.2020

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Заменик претседателката на СДСМ и заменик на претседателот на Владата, денес во Битола изврши увид на дел од поплавените подрачја по синоќешното невреме во Битола.

Таа изјави:

Владата стои на располагање да помогне во оваа ситуација. Денеска имавме прилика да разговараме со еден дел од граѓаните, да им честитам што навистина брзо реагирале, и што еве и директорите не седеле некој друг да ја заврши работата туку биле на терен и помагале на граѓаните.

Со природата навистина нема играње и овие екстремни промени во времето од многу врело до поројни дождови се карактеристика на климатските промени на кои ќе треба да се навикнуваме, да се прилагодуваме и нешто да сториме за да ги спречиме ваквите штети.

Очигледно е дека долгото неинвестирање во инфраструктура предизвикува последици и тие се провлекуваат години со ред и за 2,5 години не можат да се променат.

Ова само покажува дека сме биле во право кога велиме дека парите мора да одат во модерна инфраструктура која постојано ќе се обновува и унапредува. Ние и во нашата програма презедовме обврска не само парите да одат кај граѓаните туку да одат во приоритетите.

Значи не за музеи споменици и жални врби туку за инфраструктура која ќе прилега на 21 век. Апелирам до граѓаните да ги пријавуваат штетите, честитам на општината што брзо заживеа механизмот за пријава на штетите, само со ваква акција граѓаните ќе можат да добијат поддршка и од Општината и од Владата.

Кога заедно работиме и кога работиме на приоритети резултати ќе има. Не преку ноќ и затоа бараме чист мандат за 4 години за многу од овие прашања да ги решиме од корен.

Последни вести