Соопштение за јавност
СДСМ се определи да ги враќа парите назад кај граѓаните, наместо да ги троши на барок, на споменици и лажен барок и тоа денес се потврдува со повисок животен стандард за сите граѓаните, порача членот на Извршниот одбор Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина “Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.
– Економските мерки и политики што ги преземавме доведоа до тоа и во време на светска економска криза и пандимија, да имаме раст на минималната и просечната плата, да имаме пад на невработеноста. Она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува е голема лага, денес и по пандемијата имаме најниска стапка на невработеност од 16 отсто, а предвидувањата се дека таа до крајот на годината ќе падне на 15 отсто. Извозот е зголемен за над 50 отсто во периодот од јануари до мај, зголемен и увозот, нивото на индустриско производство е дојдено на ниво од 2019 година, а компаниите во слободните економски зони покрај тоа што го зголемуваат извозот, ги зголемуваат работните места, ги зголемуваат и платите. Во време на ВМРО-ДПМНЕ за државна помош можеа да конкурираат само компаниите кои се во слободните економски зони, а денес сите компании можат да конкурираат за државна помош, посочи Ковачевски.
Тој додаде дека официјални податоци ја потврдуваат разликата помеѓу одговорното владеење на СДСМ и недомаќинското однесување на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години.
– Минималната плата од 2017 до денеска е зголемена за 6.000 денари, просечната плата денес е на највисоко ниво и е над 28.000 денари, односно за 5.000 денари повеќе отколку пред четири години. За четири години успеавме да изградиме и рехабилитираме над 1.000 километри патишта, додека за 10 години ВМРО-ДПМНЕ, тоа е огромна разлика, посочи Ковачевски.
Осврнувајќи се на Крушево и претстојните локални избори, Ковачевски кажа дека СДСМ на овие избори има лесна задача.
– На овие избори, овде во Крушево и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат многу лесна работа. СДСМ има лесна работа, затоа што знае дека Томе Христоски ќе победи, а ВМРО-ДПМНЕ исто има лесна задача затоа што и тие знаат дека Томе Христоски ќе победа, па може заедно да ги следиме резултатите, заклуч членот на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски.