fbpx

Економските мерки даваат резултат, рекордно прво полугодие во Технолошко индустриски развојни зони ТИРЗ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ во континуитет презема навремени и ефикасни економски мерки и политики кои резултираат со стабилна, развојна, и конкурентна економија.

Динамичната економска активност во Технолошко развојните индустриски зони, која во вториот квартал од оваа година е на највисоко ниво во последните четири години е вистински доказ за тоа.

Покрај растот на извозот и увозот сведочиме и на рекордно прво полугодие во Технолошко развојните зони.

Два нови договори влегоа во процедура на формално одобрување во ТИРЗ, за компанијата Дура која ја проширува инвестицијата во трета фаза и Витек која инвестира во втора фаза.

Овие инвестиции се во вкупна вредност од 40 милиони евра, со што заклучно со нив во првите шест месеци имаме склучени договори во износ 105 милиони евра.

Со овие инвестиции се отвораат 1.850 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а предвидено е во државната каса да се слејат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

Паралелно, во овој период течат преговори со 30 компании за инвестиции вредни над 400 милиони евра.

Забележано е и значително покачување во однос на просечниот број на вработени, односно имаме речиси 50% зголемување во последните 5 години. Во зоните има вкупно 14.230 вработени во овој момент.

Сите овие податоци покажуваат дека домашната економија е заздравенам дека можеме да зборуваме за нови стапки на економски раст.

Како одговорна, државотворна партија, продолжуваме со мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок квалитет на животот на сите.

Последни вести