fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, во само четири општини над 1 милион евра за сомнителни договори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И во време на најголема светска енергетска и економска криза, додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството, на дело се гледа расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од партијата предводена од Христијан Мицкоски не само што ништо не работат расипнички ги трошат парите на граѓаните.

Само во четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе се потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања.

Наместо за конкретни проекти и помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања.

Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања.

Потоа следи Бобан Стефковски кој за иста намена од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра.

Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ ќе потроши 100.000 евра, додека неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра.

Сето тоа вкупно се еден милион евра, сериозни средства со кои може да се реализираат бројни проекти или со кои може да им се помогне на одредени категории граѓани во време на криза.

Мицкоски молчи на ваквото расипничко трошење на парите и не собра храброст јавно да ги повика градоначалниците да прекинат со расипничкото трошење на парите на граѓаните.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните а расипништвото е нејзин симбол.

Последни вести