fbpx

Успешни антикризни мерки и финансиска помош за граѓаните, СДСМ го штити стандардот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ постојано се посветени на реализација на мерки и политики што го штитат економскиот стандард на граѓаните.

Во време на криза, државата одвојува значајни средства за помош и поддршка на граѓаните и на компаниите.

Со укинување на Данокот за додадена вредност на основните прехранбени продукти успеавме да ги заштитиме семејните буџети од нови ценовни шокови.

Минималната плата расте на 18.000 денари, веќе од следниот месец стотици илјади работници ќе добиваат повисоки плати, а ова зголемување ќе поттикне раст и на останатите плати.

Во следните три месеци, 330.000 пензионери и околу 36.000 семејства со ниски примања месечно ќе добиваат дополнителни 1.000 денари кои ќе можат да ги искористат за купување на основни производи, плаќање сметки и слично.

Од септември следува и рекордно зголемување на пензиите по таканаречениот „швајцарски модел“.

Дополнително, околу 7.000 семејства веќе добиваат месечна помош од 600 до 800 денари за плаќање сметки за електрична енергија.

Сето ова се само дел од мерките што СДСМ ги презема за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните.

Како одговорна партија внимателно ја следиме ситуацијата и подготвени сме да преземаме нови навремени економски мерки за помош на граѓаните и компаниите.

СДСМ останува на страна на граѓаните, на страна на домашното стопанство.

Последни вести