fbpx

12% поголеми плати во образованието, СДСМ продолжува со политика на покачување на платите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се потврди дека само преку дијалог може да се дојде до решение.

Денеска е постигнато усогласување помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во основното и средното образование, како и во градинките од 12 отсто, со ребалансот на буџетот.

Поради несоодветни уцени и неразумна поставеност на раководството на СОНК, децата и учениците изгубија значајни две недели од наставата, која треба соодветно да се надомести бидејќи тие најмногу претрпеа штета од овој штрајк.

СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на работниците, но докажа дека на уцени и неразумни барања не подлегнува. Социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до взаемни прифатливи решенија. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците работејќи посветено на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза.

Последни вести