Соопштение за јавност
Реализираме уште една стратешка цел на државата и на граѓаните поставена уште на денот на независност, а тоа е полноправно членство во ЕУ.
По 17 години од добивањето кандидатски статус, Република Северна Македонија ги започна преговорите за членство во Европската унија, со одржување на првата меѓувладина конференција, по која започна скриниг процесот.
Во ЕУ влегуваме како Македонци, со обезбеден македонски јазик, без фусноти и придавки, со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.
Македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и ѕвездички и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици во големото европско семејство.
Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура, посебност стануваат дел од Европската унија.
Го продолжуваме европскиот пат, иднината на нашата држава и нашите граѓани е европска.