Соопштение за јавност
Со заполнување на преговорите, пропаднаа сите лаги и измислици за наводна бугаризација и асимилација.
Напротив, започнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет со чиста формулација на македонски јазик без додавки и фусноти..
На крајот, се потврди и дека анти европската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, свесно ги лажеше и се уште ги граѓаните и ги злоупотребува.
Северна Македнија ги започна преговорите со ЕУ по цели 17 години во чекалната и ова е нова ера за нашите граѓани која носи бројни придобивки.
Сега, откако сите лаги за јазикот и идентитетот пукнаа како меур од сапуница, кога пропаднаа сите блокади и обиди за дестабилизација, потребно е сите политички и општествени чинители да дадат свој придонес за европскиот пат.
Членството во ЕУ е стратешка национална и државна цел поставена уште на денот на независноста, сите имаат одговорност пред граѓаните да обезбедат европска иднина на граѓаните и државата.