fbpx

Баш му е гајле за граѓаните, Мицкоски е против намалувањето на цените!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски е единствениот кој е против намалување на цените на производите.

Баш му е гајле на Мицкоски за граѓаните, за народот.

Заслепен од луксузот во Белата палата Христијан Мицкоски не сака семејствата месечно да заштедуваат пари со помалите сметки за пазарење.

Тоа е истата криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се уште опстојува во оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ сака само да зема од џебот на граѓаните, сакаат народот да биде сиромашен, работниците да бидат евтина работна сила.

Затоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во секоја општина зголемуваат цени на комунални услуги и ги задолжуваат граѓаните.

Мицкоски е докажан непознавач и на политиката и на енергетиката а потврдува и дека нема основно чувство за потребите на народот.

СДСМ и Ковачевски се на страна на граѓаните. Ќе продолжиме да го штитиме стандардот на народот, да ги покачуваме платите и пензиите и да ги намалуваме цените.

Последни вести