Соопштение за јавност
Средбите на СДСМ со граѓаните во рамки на караванот „Рамо до рамо, до победа” денеска продолжија во неколку општини во Скопскиот и во Североисточниот регион на републиката.
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев заедно со Роберт Бекировски беше со граѓаните на Крива Паланка на средби во Осичка маала и населбата Бавчалк.
На маалските средби се разговараше за досега спроведените мерки и политики на СДСМ, инфраструктурните проекти но и антикризните мерки, но и за работата на локалната самоуправа предводена од СДСМ.
– Денеска можеме сите со доза на гордост да кажеме дека секогаш кога е тешко на државата, на граѓаните, СДСМ ја има клучната улога и на крајот успева. Така беше и изминатата година. Од една страна имавме глобална економската и енергетската криза, а од друга страна 17 години во чекална на ЕУ поради ВМРО-ДПМНЕ. Иако беше тешко успеавме. Со државничките политики на СДСМ започнавме преговори со ЕУ, со заштитен идентитет а со економските политики успешно одговориме на кризата. Опозицијата седеше на страна, прогнозираше крах и рестрикции а ние не дозволиме тоа да се случи и цврсто застанавме зад граѓаните. Тоа е едно од суштинските разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече Богоев.
Тој додаде дека втора суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е работата на градоначалниците.
-Додека градоначалниците на СДСМ реализираат бројни проекти и ги развиваат општините, над 40 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, ги задолжуваат граѓаните и ги зголемуваат цените на комуналните услуги. Еклатантен пример за тоа што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт е хаосот во Скопје а што значи одговорноста на СДСМ е успешната работа на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митровски, потенцираше Богоев.
Во општина Зелениково беа Кирил Парталов и Коста Начевски кои пред присутните порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ се најслабата локална власт досега, додека нивните градоначалници една и пол година не работат ништо освен што ги задолжуваат и партизираат општините, додека удираат врз џебот на граѓаните.