Соопштение за јавност
На трибината „Повеќе за сите“, што вечерва се одржа во Битола, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, порача дека во време на светска и економска криза, Владата предводена од СДСМ , се справи со сите предизвици и ги заштити граѓаните од ценовни шокови.
Со новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, продолжува мерката за субвенционирање на цената струја до 90%. Се справивме со сите можни предизвици и успешно ја поминавме кризата, никој не беше оставен сам, потенцираше Ковачевски.
„ За над 600 илјади семејства во земјата ја продолжуваме мерката за субвенционирање на цената на струјата и тоа до 90%. Јас многу пати сум кажал, ако некој заслужува аплауз и благодарност од цела државата за оваа придобивка, и за справувањето со енергетска криза и зголеменото производство на струја за 45%, тогаш тоа се вработените во енергетските капацитети во државата, во РЕК Битола поточно, и сите нивни колеги кои работеа на реализација на она што успеавме да го направиме. Токму со нивната посветена работа 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор имаат субвенционирана струја“, рече Ковачевски.
Во своето обраќање пред граѓаните на Битола, претседателот на СДСМ Ковачевски порача дека за Владата предводена од СДСМ, граѓаните се на прво место, победничката програма којашто се подготвува ќе значи уште повеќе и за граѓаните и за државата.
„Но, кога велиме дека со СДСМ секој добива повеќе не мислиме само на антикризните мерки и на оваа историски најголема финансиска поддршка за граѓаните. Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар“, потенцираше претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.