Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Пред 27 години граѓните на референдум се изборија за независност, сувереност и државност. Денес ние како генерација имаме историска можност исто така на референдум да се избориме за европска иднина, за нас и за следните генерации.
Пред нас е историска можност храбро и одлучно да гласаме ЗА обезбедување на нашата иднина како рамноправен дел од најсилните светски сојузи – ЕУ и НАТО. Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси, тоа е шанса што не смееме да ја пропуштиме.
Светот е на наша страна и тоа се виде по посетите на светските лидери што се случуваат деновиве и по пораките што ги испраќаат – сите се обединети да и помогнат на Македонија во интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Како општество и како држава немаме таков луксуз да ја испуштиме оваа историска шанса. И затоа, одовде од европско Кичево, од градот што ги живее и развива европските вредности повикувам на одлучност и одважност.
Време е сите граѓани, заедно повторно да направат историја и да ја поведат државата во посветла иднина.
Време е за нова историска одлука. На 30 септември одлучно храбро и достоинствено да излеземе на референдумот ЗА влез во ЕУ и НАТО, да излеземе ЗА европска Македонија.