Соопштение за јавност
Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во изборна единица 2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари.
„Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата.
Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите.
„Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза.
„Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања. А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски.