fbpx

Костадиновска – Стојчевска кон младите: Имате право на спокојна и достинствена иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„На државата и е неопходен вашиот поглед кон иднината, вашата енергија, вашата младешка непомирливост со статичноста, со неправдата. Не дозволувајте да ве убедуваат дека не сте добредојдени во Европа, дека сте помалку Европејци од Европејците. Вие имате еднакво право на Европа, пред сè , на европска Македонија“- им порача на младите социјалдемократи, потпретседателката на СДСМ и коноситлека во петтата изборна единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска, на настанот во Кичево каде СДММ го промовира својот Манифест.

Според неа достоинството, почитта и еднаквоста се суштината на секое демократско општество. Со безусловното почитување на човековите права на сите граѓани се брани и се сака татковината.

„Годините од вашето детство беа години на режим. Младоста ја живеете во слобода. Не знам дали е тоа лекција повеќе или хендикеп зашто годините од животот не се враќаат, но за жал можат да се вратат годините на режимот. Ме радува што целите кои си ги задавате со Манифестот се ваши насоки, а не изборни ветувања. Учете од нашите слабости за да ги продолжите добрите социјалдемократски политики. Надминете нè“- го потенцираше Костадиновска – Стојчевска значењето на младинските политики кон остварување на европскиот сон.

Едноставно, нагласи министерката, заедно мора да ги тргнеме сите бариери за амбициите да не станат фрустрации со несогледливи последици за државата.

„Повлекувањето или заминувањето можеби се опции, но не се решение. Во вашата креативност и во нашата поддршка е добитната комбинација. И секогаш говорете гласно. Молкот некогаш е опција, не и решение. Утре вие ќе ја водите оваа држава. Наша е задачата и одговорноста до тоа утре, кое за час доаѓа, државата да стане членка на Европската унија. Таа цел ни е на дофат. Од граѓаните зависи дали ќе и дадат шанса на иднината на државата и на своите деца.“- ги охрабри, Костадиновска – Стојчевска, младите социјалдемократи порачувајќи им дека нема откажување од Европа и од светлата европска иднина.

Ја назначи културата на дијалог како важен сегмент во практикување на социјалдемократијата и затоа, пред младите од СДММ, повика дека е неопходно да продолжат политиките кои државата и граѓаните ги ставаат над сè и пред сè.

„Така гледам и на целите од вашиот Манифест. Тука сме и заедно ќе работиме на нивно заживување – од надминување на традиционалниот, застарен пристап во образованието, следејќи ги светските трендови и потреби на новото, на вашето време; одново го трасираме патот од заробена до функционална држава и во тој процес ќе успееме со ваша помош, со вашите вештини и поголема подготвеност за процесот на севкупна дигитализација“- поентираше Костадиновска- Стојчевска.

Последни вести