fbpx

Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со јасен и конкретен план за европска иднина на Македонија, за економски напредок, за повисок животен стандард со поголеми плати и пензии, пред граѓаните излегуваат Пендаровски и Ковачевски.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаат визија, знаење и храброст да ги завршат преговорите и да ја внесат држаата во полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Од друга страна Силјановска и ДПМНЕ наместо план и програма навредуваат, се закануваат, омаловажуваат.

Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните освен враќање назад во мрачното минато, во изолација и неизвесност, нови залудно загубени години.

Изборот пред граѓаните на овие избори е помеѓу надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска.

Последни вести