fbpx

Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Силјановска e целосно во матрицата на ДПМНЕ, во паника ги засилува навредите и ниските напади кои не доликуваат ниту на еден политичар.

Во недостаток на план и програма, соочена со тоа што граѓаните не ја поддржуваат упатува вербални навреди кон Пендаровски и Ковачевски.

Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуалните капацитети говори за Силјановска и покажува дека ДПМНЕ се во паника од пораз на изборите.

Ова е уште една потврда дека ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците.

Граѓаните знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите.

Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ.

Последни вести