fbpx

Бисера Костадиновска Стојчевска: Нема преговарање за нашиот идентитет-го потврдивме и како македонски и како европски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

,,Македонската култура е европска, македонскиот јазик е европски. Нема да им дозволиме повторно да ни играат со идентитетот, да играат со културата”, рече потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешниот сенатоден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски.

Коносителката на листата во изборна единица 5, Костадиновска-Стојчевска додаде дека заштитата на културното наследство е европска вредност и дека со помош на ЕУ ги чуваме традиционалните вредности.

Таа посочи дека СДСМ го врати назад достоинството на културните работници, а Скопје ќе биде Европска престолнина на културата за 2028 година.

На крај Костадиновска-Стојчевска порача дека избирна единица 5 е победничка и не се откажува од европската иднина.

Последни вести