Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто потроши над половина милијарда евра на криминалниот проект Скопје 2014 и најмалку може да зборува за одговорно трошење на парите на граѓаните.
Освен хаос и нефункционален здравствен систем кој повеќе разболуваше, ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо друго во овој исклучително важен сегмент, директно поврзан со здравјето на граѓаните.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за потребите на граѓаните, за 11 години власт ќе изградеше современ и ефикасен Клинички центар и ќе ги реконструираше сите здравствени домови. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше за задоволување на криминални интереси, оставајќи зад себе урнисано здравство и осирмашени граѓани.
Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем. Проектот за новиот клинички центар е дел од тоа. Македонија по 80 години добива нов, современ Клинички центар што трајно ја решава потребата од интегрирани здравствени услуги за сите граѓани на Република Македонија.
Скопје, 12.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА