fbpx

Постои суштинската разлика, ВМРО-ДПМНЕ трошеше расипнички и криминално, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ ја закрепнува државата и ја заштити од банкротот што и се закануваше како резултат на криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ!

Граѓаните секојдневно ја гледаат и ја чувствуваат суштинската разлика. ВМРО-ДПМНЕ безмилосно ги цедеше парите на граѓаните, ги осиромашуваше, додека владата на СДСМ ги намалува трошоците и парите ги враќа кај граѓаните.

Потврда за тоа се и скратените непродуктивни трошоци со ребалансот на буџетот со кој скратени се 500 милиони денари за реклами, скратени се 800 милиони денари за Скопје 2014, скратени се 380 милиони денари за патни трошоци, репрезентации, нема повеќе скапи ручеци и расфрлање со парите на граѓаните.

Сите овие средства се насочени за животните потреби на граѓаните, за повисока плата од 12.000 денари, за трајно решавање на статусот на 3.000 стечајни работници, за поголема државна помош на домашните претпријатија, за вработување на младите.

Скопје, 26.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести