Соопштение за јавност
Николовски до Трипуновски: Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО -ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?
Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во врска со програмите ИПАРД.
Односно како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови
Во продолжение интегрален текст на прашањето
И третото прашање е она што денови ќе биде актуелно. Има мониторинг мисија на ИПАРД.
ИПАРД 1 беше тотално неуспешна. На 12-ти декември директорот на Платежната агенција објавува соопштение во коешто вели дека сме прогласени за лидери во регионот во имплементација на ИПАРД 2. Им благодарам на тие признанија и честитки, заради тоа што целиот тој период бев министер. 51 милион евра европски пари се исплатени според овој директор на Платежната агенција во овој период за ИПАРД 2. Но, имаме една катастрофа во ИПАРД 3, за жал.
Наместо да се фокусираме на грантовите коишто доаѓаат од Европската Унија – точно ја знам формулата како се пресметува тоа што треба да го добиеме во наредните седум години за руралниот развој којшто се инвестициски програми од ЕУ, а она што се случува во моментот овие денови е сериозна закана дека со преместувањата партиски коишто се прават во Платежната агенција, со партизацијата во таа институција, со неажурноста на директорот, со буквалната непосветеност, со сите слабости коишто Европската комисија ги констатира – има извештаи и ние комуницираме со Европската комисија и се среќаваме со нив и тие се чудат како може од земја лидер сега да бидете земја којашто сериозно доаѓа до загрозеност во самата акредитација. Имаме сериозна загрозеност во самата акредитација. Ова беше една од најуспешните мерки.
Имавме договори потпишано повеќе од сите земји во регионот заедно. Тоа го направија професионалците во финансии, во СЕП. Прашајте ги вашите луѓе во министерството за финансии дека тоа е најуспешната компонента од сите компоненти во државата.
Прашањето ми е: Колку е досегашната исплата од ИПАРД 3 во оваа програма?