fbpx

Заев: За нас ЕУ нема алтернатива, ние сме во срцето на континентот

Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, нагласи премиерот Зоран Заев на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на проширувањето на Унијата. Тој потсети дека државата ги има спроведено сите реформи предвидени во пристапната фаза за членство во ЕУ, како и сите […]

Со почитување на протоколите училиштата ќе останат отворени – се грижиме за менталното здравје на младите

Во присуство на владини претставници и локалните власти, како и на учениците кои се вратија во училишните клупи, а претходно ја следеа наставата онлајн поради состојбата со пандемијата на Ковид-19, се одбележа започнувањето на новата 2021/2022 учебна година. Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека во најголем интерес на сите ученици, со тоа […]

Акциските контроли даваат резултат – за трипати намален бројот на жртви во сообраќајни незгоди во август

Континуираните и редовни сообраќајни контроли по патиштата низ републиката ги даваат посакуваните резултати. Забележано е намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди од 19 во август минатата година, на пет во август оваа година. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сепак истакна дека ова не е доволно и дека потребно е воспоставување на систем […]

Бараките стари повеќе и од педесет години прераснуваат во современи амбуланти

Нов изглед и функционалност добиваат амбулантите сместени во дотраените бараки во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче при увидот на градежните активности на новата амбуланта во општината Бутел изјави дека целокупниот концепт на изградба е направен со тоа што се земени сите аспекти во однос на инфраструктурата и енергетската ефикасност на моделот, внатрешниот распоред и […]

За само четири години се изградени и реновирани 60 градинки

Предучилишното образование е важна алка во процесот на развојот на децата, па затоа изминативе четири години изградени или реновирани се вкупно 60 градинки, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при пуштањето во употреба на реновираната градинка во Пехчево, со средства од блок дотациите во износ од 1.7 милиони денари. „Во градинката реновирани […]

Продолжува градежната офанзива – како на автопатот Кичево-Охрид, така и на локалните патишта ширум земјата

Силно сме посветени на завршување на автопатот Кичево-Охрид и уверувам дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој очекува силна градежна активност на автопатот и додаде дека од 70-те нови репроектирања, за само два месеци државата изготви и одобри 35 проекти. „Со Анексот на договорот […]

ТИРЗ е лидер на Балканот за 2021 година – позитивната бизнис клима ја потврдија меѓународни институции

Како резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојони зони и Владата, од почетокот на годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра. Овие договори во наредниот период треба да донесат 1970 нови работни места и над две милијарди приходи. Токму овие показатели […]

Невработеноста достигна историски минимум со владата на СДСМ

Невработеноста за вториот квартал од 2021 година е на историски најниско ниво од 15,9 проценти и во споредба со истиот период лани е намалена за 4,8 проценти, информира Зоран Заев. „Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5% во последните три квартали. И […]

Почнаа конзерваторските работи на скопскиот Аквадукт

Почна првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт, откако неодамна Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење. Според министерката за култура, Ирена Стефоска, заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на ова културно добро. Тој е е еден од последните на Балканот кој е сочуван […]

Бит-пазар добива нов лик – подобрите услови за живот и инвестициите во инфраструктурата во општините остануваат главен приоритет на Владата

Владата ги поддржува капиталните инвестиции, кои имаат трајна вредност и ги подобруваат условите за работа на граѓаните, порача премиерот Зоран Заев, по повод новата инвестицијата во износ од 250 милиони денари за реновирањето на Бит-пазар. Тој кажа дека главна цел на Владата е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот како на централно, […]