Со ребалансот на Буџетот обезбедивме пари за санирање на здравствено -економските последици од коронавирусот

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е максимално посветена на санирање на економските и здравствените последици од коронакризата. Последен пример за тоа е усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година. Со него, се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет мерки […]
Целосно реконструирана улица Востаничка во Кисела Вода, обновена е и водоводната мрежа

Изјава за медиуми, Бојана Ацева, советничка на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода Почитувани граѓани и граѓанки, И покрај пандемијата со коронавирусот, СДСМ континуирано работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти во Градот Скопје. Посветениот и плански пристап на локалната власт во Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов му дава на Градот нов, […]
Продолжуваме со унапредување на работничките права – недела ќе биде неработен ден за сите работници

Прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ Почитувани, И во претходниот и во сегашниот мандат, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано работи во насока на подобрување на условите за работа за сите. Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓаните. […]
Ги намаливме судските такси до 8 пати, правдата станува подостапна за граѓаните

Прес-конференција, Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Правда за сите е една од темелните вредности од кои се води Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Нашата посветеност во олеснување до пристапот до правда ја преточуваме во реални мерки и политики. На сила стапија измените на Законот за судски […]
Инвестираме во детската заштита, градиме нова детска градинка во Волково со капацитет од 175 места

Изјава за медиуми, Мирослав Наумоски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров Почитувани, Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски продолжува со реализација на капиталните инвестиции. Го остваруваме ветувањето пред граѓаните, овде во населеното место Волково, градиме детска градинка, најмодерен објект за згрижување на нашите најмали жители. Со капацитет за сместување на […]
Постојано вложуваме во здравството, следува ново зголемување на платите на здравствените работници

Прес-конференција, Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ Почитувани граѓани, СДСМ и институциите што ги предводи и пред пандемијата со коронавирусот, започна со реализација на реформа на здравствениот систем, за унапредување на условите за работа на здравството и обезбедување подобри услуги за граѓаните. Санирањето на хаосот наследен во здравството, предизвикан со 11-годишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, со вложување […]
Се грижиме за најмладите, нов современ детски парк во општина Аеродром

Изјава за медиуми, Славе Еленовски од ОО СДСМ Аеродром Почитувани граѓани, Локалната власт во општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин вложува и инвестира по план и со цел развој и унапредување на квалитетот на живот во општината. Привршува изградбата на паркот „Бојмија“ лоциран во населбата Острово, во непосредна близина на училиштето „Браќа […]
Со ребалансот спасуваме работни места, ја помагаме економијата и финансираме капитални проекти

Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми Нашата држава има буџет преку кој ќе се реализира четвртиот пакет економски мерки во вредност од 470 милиони евра. Овие пари одат директно кај граѓаните и во економијата и преставуваат инструмент за справување со последиците предизвикани од пандемијата со коронавирусот. Владата на СДСМ по четврти […]
Мицкоски бара одлагање на предвремените избори во Штип затоа што знае дека ќе изгуби, воопшто не му е грижа за јавното здравје

Соопштение за јавност – одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Барањето за одлагање на предвремените локални избори во Штип е само затоа што Христијан Мицкоски сака да ја зачува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ и знае дека повторно ќе загуби, Мицкоски повторно бега од граѓаните, се плаши од нов пораз, од нова […]
Со ребалансот обезбедуваме средства за реализација на 19 капитални проекти во десетици општини

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Парламентарното мнозинство го усвои Ребалансот на Буџетот за 2020 година, поднесен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Со овој ребаланс, обезбедуваме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони евра, за помош и поддршка на граѓаните и […]